ДКСК ќе ја испитува имотната состојба на Миле Јанакиески, Илија Мисајловски и Кирил Божиновски

Објавил: admin@magazin | 27 март, 2019 13:39

Антикорупциска отвори постапка за судиите Панчевски, Вангеловски, Зафировска, Костова и Лаличиќ

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за злоупотреби и коруптивни дејства на судиите Владимир Панчевски, Јово Вангеловски, Александра Зафировска, Светлана Костова и Софија Лаличиќ.

-По добиени сознанијата од Извештајот на Стејт департментот за човековите права за 2018 година за РСМ  за злоупотреби и коруптивни дејства на поединечно наведени судии Комисијата заклучи да изврши проверка на податоците од анкетните листови и изјави за интереси на следните лица: Владимир Панчевски, Јово Вангеловски, Александра Зафировска, Светлана Костова и Софија Лаличиќ, рече на денешната седница претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Во 2018 година во Комисијата не се реализирани нови вработувања ниту унапредувања поради нејзината нефункционалност.

Исто така по допрен глас ќе се испитува и судир на интереси за Јордан Тасевски и за Марија Димитровска внука и внук на судијата Владимир Панчевски од Кривичен суд, и за Маја Ристовска, сопруга на поранешниот министер Спиро Ристовски вработена во МАПАС.

Ќе отворат постапка за утврдување на ризици за склучување на коруптивни договори во постапките на јавни набавки при избор на економски оператори за изработка и ревизија на деталните урбанистички планови за Општина Центар.

По допрен глас ќе биде испитувана и имотната состојба на Миле Јанакиески, Илија Исајловски и Кирил Божиновски.

Според Годишниот план за вработување во 2019 година предвидено е во Комисијата со цел зајакнување на нејзините капацитети и спроведување на новите и проширени надлежности согласно новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси да се вработат 11 нови лица, а 15 да бидат унапредени. За оваа активност се очекува поддршка од меѓународни донации.

Усвоена е и Предлог-финансиска стратегија за 2020-2022, со која како што се пофалија аниткорупционерите, не се предвидени трошоци за репрезентација и за службени возила, а во принцип се предвидува зголемување на средствата за нови вработувања и за унапредувања на постојните вработени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.