Ако оваа сума се подели на 26 месеци се добива сумата од 1923 евра месечно а ако таа се подели на 22 работни денови колку што просечно има секој месец доаѓаме до сумата од 87 евра дневно или околу 5300 денари.

Објавил: Весна Петровска | 26 ноември, 2019 18:29

ОБВИНИТЕЛИТЕ ВО СЈО ЗДРАВО СЕ ХРАНЕЛЕ: Дневно се „кркало“ по 9 кг лешници, бадеми и фстаци или 36 кг кикирики

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

По големите бонуси кои ги земале обвинителите на СЈО и другите вработени, исто така откриено е дека и луксузно ги трошеле парите, па дури и набавката за апетисаните дека се хранеле здраво.

Според телевизија Алфа за само 26 месеци во период од 2017 до 2019 година СЈО набавил апетисани во вредност од околу 50 илјади евра.
Ако оваа сума се подели на 26 месеци се добива сумата од 1923 евра месечно а ако таа се подели на 22 работни денови колку што просечно има секој месец доаѓаме до сумата од 87 евра дневно или околу 5300 денари.

Со овие пари ако се набавува на големо може да се купат најмалку 9 килограми од поскапите апетисани како индиски ореви, лешник или бадеми.

Ако во СЈО биле поскромни и јаделе кикирики тогаш дневно во обвинителството се јаделе по 36 килограми од овој јаткаст плод кој е 4 пати поефтин од лешникот.

Во просек секој од стотина вработени во СЈО секојдневно јадел по речиси 100 грама поскапи апетисани или по речиси 400 грама кикирики.

За потсетување, во јавноста излезе дека Катица Јанева и останатите обвинители земале големи бонуси за доверливост во инфрмациите кои поминувале низ специјалното обвинителство, огромните суми кои ги зимале ја разбесни целата македонска јавност, по ова Антикорупциска изјави дека ќе го стави под лупа целото СЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести