Адвокатот Мехмед Сефери, кој на Груевски му беше поставен по службена должност, беше краток и само рече дека останува на претходните жалбени наводи.

Објавил: admin@magazin | 30 мај, 2019 12:05

АПЕЛАЦИЈА ГО УКИНА ПРИТВОРОТ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ! СЈО бара нов притвор !

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска апелациониот суд по поднесена жалба му го укинал притворот на екс премиерот Никола Груевски, одреден за судскиот случај „ТНТ“, односно за рушењето на „Космос“, пренесе 1ТВ.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во февруари 2015 објавил дека Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) по наредба на Груевски и Сашо Мијалков повеќе години незаконски прислушувала над 20 илјади граѓани. 

Во дел од снимките, Груевски наредил рушење на објектот „Космос“ поради политичка одмазда кон бизнисменот Фијат Цаноски. Во друг разговор, Груевски нарачал претепување на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, како и демолирање на општинската зграда. Груевски преку МВР тајно купил луксузно возило „Мерцедес“ од 600 илјади евра, како и плац на Водно со површина од 11 илјади квадратни метри. 

За случајот „Тенк“ на СЈО, Груевски е осуден на затворска казна од 2 години. Според пресудата тој е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување како и „за примање награда за извршување противзаконито влијание“. Во овој случај тој е обвинет дека како премиер побарал од екс-министерката Гордана Јанкулоска спроведување на незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило кое „било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа“.

Апелациониот суд по поднесена жалба му го укинал притворот на екс премиерот Никола Груевски, одреден за судскиот случај „ТНТ“, односно за рушењето на „Космос“.

Ова денешното судско рочиште го откри обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, кој од судскиот совет побара на обвинетиот Груевски, повторно да му биде одреден притвор.

– Повторно бараме на Груевски да му биде одреден притвор, според член 165, став 1, точка 1, од Законот за кривична постапка, бидејќи тој веќе еднаш избега, па постои ризик тоа да го направи и во иднина. – рече обвинителот Рустеми.

Адвокатот Мехмед Сефери, беше краток и само рече дека останува на претходните жалбени наводи.

На денешното рочиште за „ТНТ“ се испрашуваат сведоци предложени од одбраната.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.