Амина боледува од акутна лимфобластна леукемија (Т – ALL) и ИТНО е потребна трансплантација на матични клетки

Објавил: Данаил Михајловски | 25 септември, 2018 15:00

Апел за помош: Да и помогнеме на Амина да живее живот каков што заслужуваме сите ние!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Амина има само 27 години а веќе стои исправена пред проблемите на животот. Ние можеме да помогнеме да ги преброди за да продолжи да живее и да има среќен живот како што заслужуваме сите ние.

Амина боледува од акутна лимфобластна леукемија (Т – ALL) и ИТНО е потребна трансплантација на матични клетки, но поради неможност тоа да се направи во Македонија потребно е да се направи во Германија која чини 250.000 евра.

Нејзината моментална состојба бара постојана лекарска нега и поради тоа во моментов се наоѓа во клиниката во Гетинген во Република Германија.

Немаме време да чекаме да помогне некој друг, тоа треба да го наравиме ние!

Апелираме на вашата хуманост, и само за миг да се ставиме на местото на нејзиното 3 годишно синче и нејзините родители и да и помогнеме на Амина и на нејзиното семејство.

Да ја покажеме нашата хуманост на дело.

Жиро сметка: 200001235951294

Броеви за донирање:
ВИП 143 467

Т-МОБИЛЕ 143 155

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.