Настаните на северот од Косово се развиваат тензично од час во час

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 11:36

Армијата на Србија го подигна степенот на борбена готовност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Армијата на Србија превентивно ја подигнала борбената готовност на целата територија поради тензиите на Косово.

Откако вчера била одржана седница на Советот за национална безбедност – безбедносните служби ги засилиле своите активности за да се предупредат “плановите на властите во Приштина да се предизвикаат немири во Косово но и дејствување на одделни кругови во Србија – кои со лажни вести внесуваат немир меѓу српското население северно и јужно од Ибар”.

Државниот врв разгледува мерки што ќе се преземат поради кршење на Бриселскиот договор и петгодишното одбивање на Албанците да исполнат обврски да формираат Заедница на српски општини на Косово.

Консултациите во српскиот државен врв уследиле по најновите превирања во Косово и разузнавачки информации според кои Албанците планираат да го “отсечат” северот на Косово од централна Србија поради лажни најави дека српскиот народ еднострано ќе прогласи Заедница на срптски општини на Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.