Од вкупно 63 делегати, присутни беа 61, кои едногласно гласаа за Меџити. Изборното собрание исто така избра 21 член на раководството на огранокот.

Објавил: Весна Петровска | 16 септември, 2019 10:02

Ахмети за Ел Чека: Не се занимавајте со него тоа се само „празни” бомби

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на изборното Собрание кое се одржа во Чаир, говореше на многу теми, а меѓу нив и за бомбите на Ел Чека, кои според него се „празни нешта”.

– Тоа што објавува Ел Чека се само мали меурчиња, не занимавајте се со него, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Од вкупно 63 делегати, присутни беа 61, кои едногласно гласаа за Меџити. Изборното собрание исто така избра 21 член на раководството на огранокот.

Ел Чека има 28 години и живее и работи во Чикаго.

За потсетување, Ел Чека кој објавува бомби, доби обвинение од ОЈО за Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавното обвинителство укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана“.

 

За потсетување, лицето А.Ш од Кичево а на јавноста добро познат како Ел Чека во последниве неколку месеци интензивно објавуваше „бомби“ преку својот Фејсбук.

Ел Чека моментално се наоѓа во Чикаго и тој енговите бомби ги пушта рано наутро.

Ел Чека, посочи дека бомбите ги објавува по наредба на осудените од Диво Насеље и го предупреди премиерот Зоран Заев да внимава на осудените за овој случај.

-Нашите браќа Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халаќи имаат повеќе од било кога потреба за нашите молитви, бидејќи само што добив информации директно од еден вработен од високото Обвинителство во Скопје, кој има албански чувствa, дека тројцата браќа треба да бидат внимателни повеќе од кога било во затворот каде што ја издржуваат казната, напиша неодамна на Фејсбук кичевецот, кој стои зад псевдонимот Ел Чека и кој објавува „бомби“ за функционери на ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.