Од Ценртарот ќе пробаат да стапат во контакт со некој член на семејството на 30-годишникот, а во меѓувреме апелираат до граѓаните доколку го забележат да се јават на дежурните телефони, за да може стручни лица да го лоцираат и да му понудат соодветна социјална или здравствена помош.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јули, 2019 17:12

Бездомникот од Центар кој вознемирувал девојчиња им се крие на социјалните служби

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Социјалните служби не го нашле бездомникот кој се соблекувал, напаѓал и вознемирувал жители на Центар. Откако од МВР вчера телефонски пријавиле во Центарот дека 30 годишен маж спие и престојува во влезови, паркови и гаражи околу Соборниот храм и Дебар маало специјализиран тим веднаш излегол на терен не не успеале да го лоцираат лицето за кое првично граѓаните мислеле дека е мигрант.

-Поразговарано е со граѓаните, но лицето не е најдено. Ова лице не евидентира како бездомник ниту е корисник на никакви права од областа на социјалната заштита, зијави Наташа Станоевиќ, директор на Меѓуопштински Центар за социјални работи.

Загрижени граѓани од Општина Центар велат дека веќе цела година се загрижени за своите деца поради лице кое се претставува како мигрант и демне и манијачи девојчиња

Од Ценртарот ќе пробаат да стапат во контакт со некој член на семејството на 30-годишникот, а во меѓувреме апелираат до граѓаните доколку го забележат да се јават на дежурните телефони, за да може стручни лица да го лоцираат и да му понудат соодветна социјална или здравствена помош.

-Имаме 2 дежурни телевони на специјализираниот тим-076-381-762, 078-230-943, додаде Станоевиќ.

Центарци реагираат дека агресивниот бездомник повеќе од 1 година  недолично е однесувал и сексулано вознемирувал девојчиња и жени. МВР вчера информираше дека против ова лице биле поднесени 2 прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и понатаму надлежноста за овој случај ја префрлија на Центарот за социјални работи.

ИЗВОР: СИТЕЛ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.