БЕСА е единствената политичка партија - феномен во Македонија и светот, која има свои пратеници и претставници, и во власта и во опозицијата, во исто време

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 11:25

БЕСА е движење партија без правен компас?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Носат исто име и ист слоган, но спротивни ставови – едно од нив е дел од извршната власт, а друго во опозиција.

Двете крила на Движењето Беса, кои се разделија поради недоразбирања за функцијата претседател на партијата, продолжуваат во јавност да се претставуваат како една партија, предизвикувајќи конфузија.

Крилото на БЕСА на Африм Гаши е така наречено “одметнато” или скопско крило и тоа е во коалиција со Владата на Заев.

Од крилото на Африм Гаши не сакаат да коментираат, велејќи дека наскоро очекуваат конечна одлука од Судот.

Очекуваме судскиот процес наскоро да добие разрешница. Се додека нема судски епилог, ќе се воздржиме од каков било коментар.“

Од другото крило ја бранат тезата дека постои само една партија Беса и дека нејзин претседател е Билал Касами. За забуната во јавноста го обвинуваат крилото на Гаши, давајќи им две алтернативи – или да се вратат во Движењето Беса ако се чувствуваат така или да основаат друг политички субјект.

Генералниот секретар на ова крило, Аријанит Хоџа, вели дека ако судовите донесат одлука во полза на Гаши, тоа ќе биде одраз на не толку добрата состојба со правдата во Македонија.

Во Република Македонија постои една политичка партија, наречена Движење Беса и претседател на таа партија е Биљал Касами. Има страна која се повикува во името на Движењето Беса и нема никаква субјективност за Беса и ние апелиравме тогаш и повторно апелираме дека ако навистина се чувствуваат дел од Беса, тие се добредојдени да се приклучат на органите избрани на партиски конгрес. Ако имаат друга политичка проценка, добро е да формираат политичка партија и да продолжат како независен субјект, со цел да нема забуна во јавност, бидејќи за жал во многу случаи од одредени кругови се дава тежина како политичка група, што фактички не се политичка група, изјави Аријанит Хоџа- генерален секретар на Беса крило на Касами.

Крилото на Билал Касами е основоположничкото на БЕСА познато и како тетовско крило кое во Собранието на Македонија делива како опозиција.

Во Централниот регистар на чело на партијата е Билал Касами. Но, токму поради ова, групата на Гаши покрена предмет пред Управниот суд, кој пред шест месеци донесе одлука дека разрешувањето на Касами било нелегално, негирајќи ги тврдењата на Гаши дека е претседател на партијата.

Тие се пожалија пред Апелација, од каде пред три месеци го вратија предметот во прв степен, со оправдување дека документацијата не била комплетирана. Но, предметот на Беса остана во фиоките на судот бидејќи и по три месеци, се уште нема конкретна одлука за тоа на кое крило и припаѓа партијата.

Од судовите велат дека во текот на идната недела ќе информираат подетално до каде стигнала постапката и кога се очекува конечна одлука.

Но, до тогаш, Билаљ Касами и Африм Гаши продолжуваат да се претставуваат во јавноста како двајца лидери на еден ист субјект.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.