Сега, кога и се потребни гласовите на Албанците, таа ги воспева целите поради кои го склучивме „предавничкиот“ договор

Објавил: admin@magazin | 23 април, 2019 13:48

Богоевски: Цела кампања на Професорката е контрадикторна, полна со лажен и селективен патриотизам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сега, Гордана Сиљановска вели дека во нејзиниот мандат ќе станеме членка на НАТО и дека е добро што членуваме во Алијансата, пишува пратеникот Павле Богоевски на својот Фејсбук профил.

ФБ статус на Богоевски

Професорке, под кое име ќе станеме членка на најмоќниот воено-политички сојуз во светот? Под името кое не сакате да го изговорите, истото тоа име кое од Охрид ветивте дека ќе го промените повторно? Како резултат на што е добро што сме членка на НАТО? Како резултат на „предавничкиот и антимакедонски договор со Грција“ чие референдумско изјаснување го бојкотиравте и чиј легитимитет се’ уште го оспорувате?

Целата кампања во првиот круг, Гордана Сиљановска ја водеше врз основа на реториката дека Договорот од Преспа е злосторство врз македонскиот народ за кое е потребна правда што може да ја донесе само нејзиното претседателство.

Сега, кога и’ се потребни гласовите на Албанците, таа ги воспева целите поради кои го склучивме „предавничкиот“ договор. Токму тоа е проблемот, друштво. Целата кампања на Професорката е контрадикторна и полна со лажен и селективен патриотизам. Исто како и партијата која ја претставува.

Како што тргнала работава, не би ме изненадило до 5ти мај да го признае и Договорот од Преспа. Граѓаните се доволно паметни да го казнат тој кој греши, но и да ги препознаат празните флоскули и умилкувања.

Продолжуваме, ЗаедноНапред!, пишува Богоевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...