Според истрагата, тие се обвинети за перење пари за што го користеле Меѓународниот сојуз формиран од Бојан Јовановски. Осомничени се дека измамиле двајца бизнисмени од кои со ветување дека ќе градат старски домови, успеале да наплатат околу 1 милион евра.

Објавил: Весна Петровска | 20 декември, 2019 9:39

Боки 13 и неговиот татко на распит во обвинителство

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Бојан Јовановски и неговиот татко денеска ќе одговараат нa прашања од обвинителката Вилма Русковска за измамите правени преку Меѓународниот сојуз. Прв со Русковска ќе се соочи таткото на Јовановски, Миле. Точно напладне, пак, во обвинителството ќе пристигне и Боки 13.

Според истрагата, тие се обвинети за перење пари за што го користеле Меѓународниот сојуз формиран од Бојан Јовановски. Осомничени се дека измамиле двајца бизнисмени од кои со ветување дека ќе градат старски домови, успеале да наплатат околу 1 милион евра.

За овој случај осомничени се уште пратеникот Фросина Ременски, Потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ и асистентката во сојузот, Христина Блажевска.

По распитот во обвинителството, Ременски изјави дека станува збор за конструиран случај од параполициски сили.

Адвокатот на Мандиќ пак, рече дека не таа не знаела за измамите на Јовановски и била доведена во заблуда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.