Со Заев се познавам исто како што се познавам со челни луѓе на ВМРО-ДПМНЕ. Имам пријатели од СДСМ исто како што имам пријатели во ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 јуни, 2019 0:47

БОКИ 13: „Од СДСМ не сме добиле ни едно денарче, ниту од нивна блиска компанија„

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Бојан Јовановски во вечерашното интервју на 1ТВ со уредничката Јадранка Костова, зборуваше за обвинувања кои овој период кружат низ медиумите. Тој рече дека е свесен дека се шират муабети дека 1ТВ е провладина телевизија, но тоа на медиумот му носи само штета.

Во вечерашното интервју на 1ТВ, Јованоски изјави дека со Заев се познава исто како што се познава и со челни луѓе на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека искреноста е најсилното оружје. Кога е некој искрен и кога знае да си ги признае сопствените грешки и да ги посочи туѓите, тоа е вистинскиот систем по кој треба да се водиме, рече Јованоски.

Со Заев се познавам исто како што се познавам со челни луѓе на ВМРО-ДПМНЕ. Имам пријатели од СДСМ исто како што имам пријатели во ВМРО-ДПМНЕ, рече во вечерашното интервју на 1Тв, Бојан Јованоски. ФОТО:1ТВ

-Се познавам со човекот, како што сите во оваа земја се познаваме меѓу себе. Со Заев се познавам исто како што се познавам со челни луѓе на ВМРО-ДПМНЕ. Имам пријатели од СДСМ исто како што имам пријатели во ВМРО-ДПМНЕ. Кирацовски ми е пријател, Кирацовски ќе ми биде пријател. Зошто да не ми биде? Тоа е поентата на целиов разговор, дека со оваа хајка сакаат луѓето да видат дека јас сум инфициран, заразен и дека можам да ги заразам другите, изјави Бојан Јовановски.

-Јас одговорно можам да кажам дека едно денарче не сме добиле ниту од СДСМ како партија, ниту од компанија блиска на СДСМ, ниту од Владата, ниту каква било помош, вели тој и запрашан за спотовите на СДСМ за две години влада оделе на сите други телевизии, со тоа што во 1ТВ со помал медија план.

За обвинувањата на новинарот Бранко Героски кој во своите колумни преку измислени ликови обвинува медиумски газда дека изнудува поранешни и актуелни функционери, Јовановски рече дека оној кој што ги шири ваквите дезинформации и приказни нема да заврши славно.

„До мене е допрено се. Јас сум човек кој е прилично информиран. Героски е читан новинар кој со години е почитувано перо кај нас и за истиот можам да кажам дека бил гостин во оваа телевизија.

Да му олеснам него и на јавноста јас сум тој за кој пишува Героски и за кој се изречени лаги и сериозни обвинувања. Јас и сега нема да реагирам. Героски е новинар, тој има задача да пишува. Јас сум свесен дека Македонија е општество кое живее за афери, крв и месо. Ние не бараме правда, туку крв. Кој и да ги измислува приказните гарантирам дека ќе завршат неславно. Прилично сум убеден во тоа што зборувам“, рече Јовановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.