четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Имено апелација го отфрли барањето на адвокатите на Боки 13 за укинување на мерката притвор, поради како што велат опасност од бегство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 октомври, 2019 16:05

Боки 13 останува во притвор– апелација не го прифати барањето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13, првоосомничениот во случајот „Рекет“ останува во притвор, а ваквата одлука ја донесе Апелацискиот суд.

Имено апелација го отфрли барањето на адвокатите на Боки 13 за укинување на мерката притвор, поради како што велат опасност од бегство.

Бојан Јовановски останува во притвор…

По вчерашната јавна седница на која се разгледуваше барањето за укинување на притворот Апелација одлучи иако отпадна влијанието врз сведоци, поради опасност од бегство Јовановски да остане во притвор.

Инаку пред неколку дена Боки 13 заедно со својот адвокат Сашо Дуковски објасни пред судија зошто треба да излезе од Шутка. Според Боки 13 неговата здравствена состојба е тешка, односно тој бил во животозагрозувачка здравствена состојба.

Истакна дека неговиот физички изглед, не ја отсликувал вистината за здравствената состојба.

-Имам органски проблем, не сум во добра психичка состојба. Јас сум во животозагрозувачка состојба, оштетен ми е нерв при операцијата на желудникот, која ја направив по своја волја. И покрај волјата на затворскиот лекар да помогне, во затворот нема услови. Дури 81 ден немам соодветна лекарска помош. Белите дробови ми се оштетени, а имам и уште 4 дијагнози на кичмениот столб. Треба да бидам жив и здрав, а не мртов. Јас можеби надворешно изгледам добро, но не се чувствувам добро. Живеам за да ја докажам вистината и да ја докажам својата невиност, истакна Јовановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.