Боки 13 расположен во Идризово

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 јануари, 2022 20:21

Боки 13 со цимерите во Идризово слават роденден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бојан Јовановски како што можеме да видиме на фотографијата добро си поминува во КП Идризово.

На сликата која неодамна се појави на социјалните мрежи, може да се забележи дека Боки 13 се наоѓа во добро друштво и заедно со цимерите прославуваат роденден.

Обвинетиот Бојан Јовановски беше осуден на единствена казна затвор во траење од девет години.

Судот обвинетата Катица Јанева за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања по член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ за кое е предвидено казна затвор од најмалку три години, согласно наведениот член, како и членовите 4, 7, 29, 30, 31, 32, 39 од КЗ беше осудена на казна затвор во траење од седум години!

Со крената глава на која носеше визир и навидум расположен, Боки 13 неодамна ја слушна пресудата на судијката Васка Николовска Масевска, со која во првостепена постапка заврши процесот Рекет.

Катица Јанева одбра одлуката да ја слушне дома, поради здравствени и семејни причини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести