Таа почина на 2 октомври 2017 година на 41 година од својот живот, по тешката и долга битка со болеста.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 октомври, 2019 12:28

БОЛНА ИСПОВЕД НА МАЈКАТА НА ПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА КОЈА ПОЧИНА: Ни по две години болката не стивнува, се уште плачам без престан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поминаа две години откако почина познатата балканска пејачка Дона Арес но болката се уште во срцето на мајката не стивнува.

Азра Колаковиќ, позната како Дона Арес почина на своја 41. годишна возраст.
Пејачката која три пати водеше битка со ракот починала во родното место Бихач.

Таа почина на 2 октомври 2017 година на 41 година од својот живот, по тешката и долга битка со болеста.

Претходно пејачката живееше во Данска но како што велат нејзините блиски наводно пејачката предосетила дека доаѓа крајот па се вратила дома каде почина во родниот Бихаќ.

Ајка Колаковиќ мајката на пејачката се уште не може да се опорави од смртта на својата ќерка.

-Преболно е, претешко. Не дај Боже никој да не се чувствува како мене. Времето ништо не лечи. Имам јас свои механизми за функционирање, поприлично сме јаки и големи борци… Меѓутоа таа е секогаш присутна, навикнавме на Азра да ја нема дома, бидејќи одеше на турнеи, но доаѓаат денови кога се соочуваш со вистината која е сурова. Се е страшно, раскажува мајката на пејачката за „Дневни аваз“.

Со солзи во очите таа и оваа година замина на гробот на својата ќерка и по пат изјавила дека човек само ули да живее понатаму.

-Некогаш кога ја слушам нејзината музика се чувствувам како да е нормално и да е тука, но некогаш… зависи од местото, моментот, опкружувањето… некогаш тој ураган едноставно и мене ме преовладува и плачам по неколку денови, па се смирувам, функционирам нормално некое време, а потоа повторно истиот ураган, додава таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.