На денот за будност против ракот на дојката, министерот Филипче со стравични податоци дека заболени од рак чекаат и по три месеци за мој термин, за преглед, оти немал персонал

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 10:56

Болните од рак со месеци чекаат за “мој термин”, нема ни персонал

Фото/Текст извор: ©Телма ТВ

Во Македонија и болните од рак се соочуваат со бирократскиот процес на чекање со месеци за преглед по принципот “мој термин”, кој не треба да важи за оваа категорија пациенти.

Долгото чекање за преглед за рак на дојка и недостигот на соодветен кадар во повеќе медицински центри и здравствени домови е најголемиот проблем со кој во моментов се соочуваат пациентките со малигни заболувања, пренесува во својот прилог Телма телевизија.

Зорица Аџиевска која е  веќе два пати оперирана, смета дека ваквите пролонгирања на прегледите се одразуваат на навременото лекување и борбата со оваа тешка болест.

Еве јас сега треба да одам наредниот месец на 7 на онкологија на контрола, а веќе три месеци чекам за термин и сеуште не ми е јавено и не знам дали ќе успеам да појдам на мамографија пред контролата. – вели Аџиевска.

Министерот Филипче признава дека по разговорите со пацинтите кои ги имал во изминатиов период проблемот ќе биде решен набрзо бидејќи ваквата ситуација е воочена во повеќе медицински центри и здравствени домови ширум земјава. Во еден дел проблемот се должи и на недостиг на соодветен кадар во некои институции, додава Филипче.

Кај добар дел забелешките се имплементираа со конкретни мерки со кои се зголемија и бројот на термините во клиниките и во Клиниката за радиологија каде што се закажуваат снимањата. Морам да потенцирам дека неколку дена беше во прекин работата на компјутерската томографија затоа што во моментов се инсталира нов апарат кој што е значително подобар и со поголем капацитет од стариот. Стариот кој што се деинсталираше ќе го ставиме на ново место и ќе го дуплираме капацитетот. – вели министерот Филипче.

Статистиката вели дека над 1.200 жени во Македонија се дијагностицирани со рак на дојка на годишно ниво. Во текот на изминативе 10 години бројот на новозаболени во Македонија е двојно зголемен. Редовните прегледи и раното дијагностицирање го продолжуваат животот на жената и ги намалуваат трошоците за скапото лекување.

Апелирам  до сите да се грижат за своето здравје да се пипкаат, градите да ги покажат на мамограм не на инстаграм. Тоа им е попаметна работа и треба секој се грижи за своето здравје. – вели Аџиевска.

Во Градскиот парк во Скопје вчера по десетти пат се одржа манифестацијата “Напред розово” чија цел е да се подигне свеста во борбата против ракот на дојка. На симболичната Розова прошетка присуствуваа голем број граѓани кои ги разменија своите искуства со соочувањето со оваа тешка болест, јавни личности и дипломати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...