Министерот за здравство тврди дека одливот на кадар нема да влијае на третманот на пациентите во државните болници.

Објавил: Владо Марин | 10 октомври, 2020 17:56

БОЛНИЦИТЕ СЕ ПОЛНАТ СО ПАЦИЕНТИ СО КОВИД 19, А СЕ ПРАЗНАТ СО КАДАР

Фото/Текст извор: ©24 тв

Бројката на пациенти со Ковид на кои им е потребно болничко лекување расте, а медицинскиот кадар се ситни. 

Уште еден инфектолог од Инфективната клиника во Скопје си заминува. Трите медицински сестри кои што си дадоа отказ пред неколку недели од истата клиника ќе одат да работат во приватна болница, а отказ си дала и докторката која што го води инфективното одделение во Градската општа болница „8. септември“.  

Министерот за здравство тврди дека одливот на кадар нема да влијае на третманот на пациентите во државните болници.  

Апсолутно ќе го изменаџираме целокупниот процес и покрај тоа што кадарот оди во приватните болници. Таа миграција на лекарите и сестри од приватно и јавно здравство континуирано се случува. Ние имаме огромен број на лекари и сестри кои што дојдоа од приватното здравство. Апсолутно може да го изменаџираме тој дел во однос на кадарот – лекари и медицински сестри“ – вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Бројот на лекари и сестри може да се надомести, но не и искуството и вештините што ги имa кадарот кој си заминува од државните болници, вели претседателката на Комората на здравствени работници, Виолета Котевска која што е и сестра на КАРИЛ. 

Според Котевска, сестрите си заминуваат поради ниските плати, но и поради нарушените меѓучовечки односи. Причина вели се и раководните структури кои што се менуваат според партијата на власт, а потоа прават мобинг, прераспределба и деградација на кадарот. 

Котевска е децидна дека заминувањето на лекарите и сестрите ќе влијае најмногу на пациентите и квалитетот на здравствените услуги во јавното здравство.

Најмногу што ќе загубат се пациентите, бидејќи не може секој да си дозволи да се лекува во приватни болници, а пациентите очекуваат да добијат правилна здравствена заштита за која што плаќаат осигрување во јавно здравствените установи. Доколку таму го изгубиме, а веќе го губиме со брза динамика едуцираниот кадар, тогаш може да очекуваме само успорена здравствена нега, успорени здравствени позитивни резултати и се помалку успех“ – вели Котевска.

Од Комората на здравствени работници велат дека одливот на медицински кадар ќе продолжи, а уште поалармантен ќе биде, откако ќе заврши пандемијата. За да се спречат ваквите состојби велат потребно е закон со кој што ќе се регулира сестринската дејност.

Болничките капацитети веќе се исполнети во внатрешноста на земјава, поради што пациенти се препраќаат во Скопје. Според последните податоци на здравствените власти, во моментов над 400 лица се лекуваат во Ковид центрите ширум земјава, а место за прием на нови пациенти веќе нема во болниците во Куманово, Струмица и Велес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...