Уставните измени во политички лавиринт, дали е сето тоа дел од концептот за да се прикаже конструктивниот приод кон промена на името, или пак борба за личен интерес на добивка!

Објавил: Узунов Бобан | 10 јануари, 2019 12:01

БОМБА: Покрај БЕСА и две други пратенички го условуваат гласањето „за„ Северна Македонија ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Иако јавноста претпоставуваше дека во финалната фаза за промена на името нема да биде проблем за премиерот Заев дека ќе обезбеди 80 пратеници да се преименуваме во Северна Македонија, албанските политички партии Алијанса за Албанците и БЕСА на Касами го условуваат гласањето.  Но се само Албанците кои го условуваат гласањето. 

Според наши извори од владејачката СДСМ, Лилјана Поповска од ДОМ вчера барала средба со Заев, не добила и токму поради тоа е причината што  не се појавила во Собрание. Наводно побарала  некоја позиција плус во извршната власт, како услов да го даде својот конечен глас за Уставни измени.

Канческа за АЛСАТ-м изјави дека сама ја донела одлуката за уставните измени со цел придвижување на процесот кон ЕУ и НАТО.

Истиот извор не информира дека Елизабета Канчевска Милевска не е одлучена дали ќе гласа, бидејќи не е сменет членот 353 од Кривичниот Законик, врз основа на кој Канческа има обвиненија за злоупотреба на службена положба и овластување. Ветувањата на Заев дека преку измени на Кривичниот законик Канческа ќе добие амнестија не биле доволни за да се убеди да гласа за уставните промени. За ваквата недоверба помеѓу Заев и Канческа магазин претходно пишуваше.&nbsp
Двајцата пратеници од БЕСА на Касами бараат државјанството да биде само “на Република Северна Македонија” без македонско како придавка. На што е подговтвен премиерот Заев да отстапи и која правна акробација ќе биде измислена останува да видиме ? 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.