Ристовски веста ја сподели на својот Фејсбук профил каде посвети и статус во кој вели дека е чести и задоволство да се соработува со лидерот на ВМРО, Мицкоски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 октомври, 2019 15:11

Борко Ристовкси официјално влезе во политиката: Чест и задоволство е да се работи со Мицкоски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот прв голман на ракометна репрезентација, Борко Ристовски, денеска и официјално влезе во политичките води. Имено Ристовски беше именуван за стратешки соработник за прашања од областа на спортот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Ристовски веста ја сподели на својот Фејсбук профил каде посвети и статус во кој вели дека е чести и задоволство да се соработува со лидерот на ВМРО, Мицкоски.

Фејсбук статус на Борко Ристовкси

Чест,задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Од моја страна,можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт.Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации,клубовите,спортските работници и се разбира спортистите,пренесени од позитивните пракси од европските земји.Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ке го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење.
Да живее Република Македонија🇲🇰🇲🇰🇲🇰 напиша Ристовкси на Фејсбук.

Инаку Борко Ристовски сега е чувар на мрежата на Бенфика. Публиката и фановите уште од Европското првенство (СП) во Србија пред седум години му го дадоа прекарот „министер за одбрана“, но досега неговото име не беше поврзувано со ништо што има политичка конотација се до денеска кога тој доби позиција за стратешки соработник за прашања од областа на спортот.

.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...