Јани Бојаџи вели дека не очекува неговата слобода да му ја донесат Геровци, Милчиновци и Катицајаневци!

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јули, 2019 8:26

БОЈАЏИ: Комуњарскиот новинарски подопашник ГЕРО, се промовира во единствен новинар демократ и застапник на вистината во Републикава

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вие драги мои, најверојатно мислите дека слободата се подарува? Дека слободата е статус на фејзбук? Дека слободата е состанок во партиски штаб? Дека слободата е дофрлање на улица или шепотење пред гранапче? Слободата е Драги мои врв на највисока планина што се освојува после долги и мачни подготовки и искачувања и падови на дестици помали ридови и планини, пишува на социјалните мрежи, режисерот Јани Бојаџи.

Режисерот Јани Бојаџи во фејсбук статус вели дека слободата се остварува со стравови, неверици и несоници, како што испеа Гане!

Тој вели дека не очекува неговата слобода да му ја донесат Геровци, Милчиновци и Катицајаневци!

Ако е тоа најважното прашање во овој момент (а е најважното!) – еве го мојот одговор, пишува Јани Бојаџи:

Мене таква слобода не ми треба! Подобро да бидам роб и да умрам во молчење и срам отколку да дочекам ден кога црвената буржуазија пак ќе застане во првиот ред за борбата за конечно ослободување на државата, овојпат – од нив самите!

Оти гледам натаму оди работата!
Се плашам дека ништо не сме разбрале што точно се случува во Македонија во овој момент? Па ова е само обична меѓусебна пресметка на црвената буржуазија со нивните трабанти селанчиња-муртинчанчиња кои беа прикачени на нивниот погон за да го пренесат гнасниот товар таму кај што црвената буржуазија не беше подготвена и не сакаше да го направи повеќе од 25 години!

Сега таа работа е готова! Трабантите не им требат и сакаат да ги откачат прилепувајќи им ја сета одговорност за се што дотука се случи! Тие, гледате секој ден еден по еден, како арнаути пред камера изјавуват: “не знам бе“ и “нисам од одавде“! Истите оние кои го донесоа ЗЗ на власт и го промовира безбели во светец, во некаков северен Гарибалди, сега кажуваат дека не знаеле ништо за него и неговите намери! Ама и јас со нив не знам како успеваат повторно да не замајат со СЈО и Катица како да е тоа за нив важно. Гајле им е на овие изроди кој е Обвинител како се вика и во која црква се крсти се додека тие ги градат црквите, избираат владиките, плаќаат поповите и ги бијат камбаните за живите и умрените!
И ете Драги мои, под команда стивнаа камбаните на комуњарскиот новинарски подопашник Геро кој сега се промовира во единствен релевантен новинар демократ, истражувач и ексклузивен застапник на вистината во северната република – по не знам кој пат!

И го пиеме сето ова како нафта рано насабајле на гладно срце, секој ден! Не знам како не разбираме дека тие сега само сакаат да им ги спасат газовите на нивните газди, синонимите на македонската економска и политичка транзиција лицата ОК/СМ и останата комуњарска ситнурија од затворите по разни Шутки и Топаани и за тоа се подготвени ако треба да јадат и од политичкиот нужник што нивните татковци, тие самите и нивните деца го полнеа со измет и урина од крајот на втората светска војна па до ден денешен.

Пристојни и воспитани луѓе Драги мои, се држат подалеку од нивните – да ме извините на изразот “гомнарски работи“! И за овие рабоќе ама ич не ми е гајле и повеќе нема да кажам ниту збор оти гледам дека повеќе нема никаква, ама никаква смисла. И не го разбирам мазохизмот на овој народ исти будали да им кажуваат стари штосови и тој ист народ да ги купува за нови изненадувања! Абе, ако тие на вести кажат дека ќе биде сончево, треба секој да си понесе чадор со себе! Таа е таа нивна психопатологија на постојано создавање на лаги и кризи со кои се хранат и живеат тие, од кои живееле нивните татковци а ако вака продолжиме ќе живеат и нивните деца и внуци!
И крај со нив!
Мене друго ме тревожи, Драги мои. Јас не гледам автентична, чиста и посветена борба на луѓе подготвени на аскетизам со крајна цел конечно чистење на мочуриштето што ги призведува овие маларични комарци кои седумдесет години на македонскиот народ му пренесуваат пневмонии и туберколози кои создадоа болна нација зависна од нивните политички кинини и антибиотици!
Јас не гледам никаква иницијатива во реалноста, во живиот живот. Затоа што ако вие мислите дека овие калеми на диви круши отровници ќе паднат самите од себе си а ние тие плодови само ќе ги собереме и изедеме тогаш не сме луѓе туку свињи!

Луѓе треба да се соберат, мнозина, силни момци да затересат стебла, здрави мажи да се качат на мердевени, умни жени да удрат со стапови, вешти мајки да испечат зелници и да направат матеници, добри татковци да ги оберат долните гранки а весели деца да собираат што ќе падне на земја и полните кошови со тие диви круши отровници да ги фрлат во пуста гора и со нив да се нахранат диви свињи и вепари! Потоа, да се ископачат тие диви стебла калемени, да се изгорат на клада а земјата длабоко да се преора и да се посипа со жива негасена вар за да не остане и да се фати некоја семка случајно заборавена! На крајот да се изгори таа земја и да се посее со едра сол љутица!

Да се направи најскап музеј на отворено и да се кажува за неплодница и проклетница на која ништо ниту се сади ниту се гради. За век и векова!
Ета така се освојува слободата! И потоа, слатко се руча од плодовите на таа слобода и се чува таа земја за некому да не му текне пак да накалеми диви круши отровници!
Јас моето парче од таа земја веќе сум го определил и ќе направам така како што сум намислил дека треба да се прави. Околу тоа парче има и други парчиња земја арни за таа работа. Соземјани прифаќам во секое време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.