Откако поранешниот претседател на Бразил заврши во затвор поради обвиненија за корупција, огромна е можноста за прв пат земјата да ја води десничар - воен командант

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 12:13

Бразилците избираат претседател

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бразил до крајот на денот ќе има или ултраденичар за претседател или наслединик на поранешниот левичарски претседател.

Бразилците денеска ќе се упатат на претседателските избори на кои главната битка ќе се води меѓу Фернандо Адад, левичар кој собира успеси благодарение на харизмата на поранешниот претседател Лула, и крајниот десничар Жаир Болсонаро (63), чија популарност предизвикува загриженост за стабилноста на демократијата во земјата.

Ако победи поранешниот воен капетан Болсонаро, Бразил ќе добие претседателот кој е најголем десничар во историјата, велат експертите.

Тој води на анкетите за јавното мислење, но сериозна конкуренција му е Фернандо Адад (55). Поранешниот градоначалник на Сао Паоло ја замени Лула да Силва како кандидат за левоориентираната Лабуристичка партија (ПТ) откако поранешниот претседател заврши во затвор поради обвиненија за корупција.

За претседател се натпреваруваат 13 кандидати. Покрај Адад и Болсонарo, уште троjца имаат шанса да добијат повеќе од 10 проценти во првиот круг.

Кандидатите сигурно ќе мора да одат и во втор круг, кој ќе се одржи на 28 октомври.

Жаир Болсонаро и по обидот за атентат, води на анкетите за претседател на Бразил

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.