Се претпоставува дека крајната бројка на мртви ќе биде значително поголема

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 17:16

Бројот на загинати од земјотресот во Индонезија се искачи на 320

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бројот на загинати во силниот земјотрес што во неделата го погоди индонезискиот остров Ломбок се искачи на 320 соопштија денеска локалните власти.

Се претпоставува дека бројот на загинати луѓе ќе биде поголем бидејќи службите за вонредни ситуации и понатаму ги расчистуваат урнатините. Поради земјотресот 156.000 лица се раселени поради големите оштетувања на нивните домови.

Земјотресот со интензитет од 6.9 степени по Рихтеровата скала го погоди Ломбок во неделата вечер една недела по првиот земјотрес со интензитет од 5.9 степени во кој загинаа најмалку 17 лица.

Ломбок денеска беше погоден и трет земјотрес со интензитет 6.2 степени предизвикуквајќи вознемиреност и оштетувања на градежните објекти.

Индонезија лежи на така наречениот пацифички огнен прстен поради што се чести земјотресите.

Во 2004 година цунами предизвикано од земјотрес во Индискиот Океан загинаа 226.000 луѓе во 13 држави од кои 120.000 во Индонезија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.