Нов земјотрес

Објавил: Едмонд Бекири | 11 јануари, 2022 5:48

3,8 степени по Рихтер – Битола ноќва повторно се тресе

Фото/Текст извор: ©магазин

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по рихтер вечерва е регистриран во Грција.

Земјотресот со послаб интензитет е почувствуван во Македонија.

Епицентарот на земјотерсот е на грчко-македонската граница, на длабочина од 2 километри.

Од првиот земјотрес со јачина од 5,6 степени кој се случи синоќа во 22,43 часот на пет километри северозападно од Лерин во Грција, до вчера на утро беа регистрирани, а дел и почувствувани во Битола, 24 земјотреси.

Двата посилни потреси вчера на утро битолчани ги почувствуваа во 7,28 и 8,01 часот. Едниот со епицентар на седум километри од Лерин и јачина од 3,6 степени, а другиот нешто послаб на девет километри од Аминдео, исто така во Грција.

Од сите 24 земјотреси до вчера на утро само еден е со епицентар на македонска територија, поточно на 21 километар од Новаци, а сите други се во Северна Грција во Леринскиот Регион.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...