Во последните 24 часа се направени 1.342 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје – 3.
Регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кочани и Кичево – по 1.
Не се регистрирани починати лица.

Објавил: Владо Марин | 28 јуни, 2021 18:01

Вакцинацијата е најдобриот пристап во справување со епидемијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ на која учествуваше министерот Филипче заедно со претседателката на Комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, проф. д-р Драган Даниловски епидемиолог и д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, ги разгледаа сите аспекти во врска со вирусот Ковид-19, моменталната состојба, вакцините и колективниот имунитет кој очекуваме да го стекнеме во периодот што следува. Кон средината на месец јули ќе започне теренската вакцинација, со што целта е да се опфати поголем број на граѓани како и оние во руралните и непристапни средини.

Иако во моментов епидемиолошката состојба е стабилна и е сеуште непознато зошто во некои земји се појавува бран на новодијагностицирани со новиот делта вирус, предвидувањата се дека доколку продолжи тренд на два репродуктивни циклуси од по 14 дена без новодијагностицирани случаи, кај нас ќе може да се утврди крај на пандемијата.

Во надеж сме дека ова може да се случи кон крајот на месец август или почеток на септември, рече тој!

Во последните 24 часа се направени 1.342 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје  –  3.
Регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кочани и Кичево – по 1.
Не се регистрирани починати лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.