Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски два и пол часа беше сослушуван во скопското обвинителството како сведок за злоупотребите со АКМИС системот

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 12:55

Вангеловски сведочеше за злоупотребите на АКМИС системот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски  два и пол часа беше сослушуван во скопското обвинителството како сведок за злоупотребите со АКМИС-от.

Што кажал, не откри на излегување од обвинителстово.

Вангеловски не сакаше да коментира ниту за посебниот извештај на СЈО, каде Јанева го прозва дека непрофесионално и несовесно ја вршел функцијатано и дека во повеќе наврати  изнесувал информации за судски постпаки.

Вангеловски излезе на главниот влез, но новинарите кои беа најмалку половина час пред распитот не го забележаа како влегува. Дали влегол од влезот кај подземните гаражи од каде само ограничен број на луѓе имаат клуч и пристап за влез, Вангеловски одговори кратко дека влегол од влезот од кај што се влегува во обвинителството.

Извори од скопското обвинителство уверуваа дека никој од таму не ја отворил вратата од влезот кај паркингот, но ниту официјален, ниту неофицијален одговор не добивме од Републичкото обвинителство и од државниот обивнител Љупчо Јовески.

Предметот за АКМИС-от е сеуште во предистражна постапка која беше отворена откако работната група од министерството за правда откри  нерегуларности во Кривичен и Врховен суд од електоронскиот систем  за делење на судски предмети.

Во извештајот стоеше дека само за еден месец 9 пати бил менуван распоредот во највисокиот суд.  До сега како сведоци без сослушани повеќемина, а како осомничен -екс претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски кој минатата недела три часа одговараше на прашањата на обивнителите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.