Поранешниот грчки министер за финансии тврди дека Меркел два пати ги излажала германците кога им позајмувала пари на банкротираната Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 август, 2018 7:38

Варуфакис до ЕУ: “Требаше да не оставите да банкротираме”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во 2015 година Грција не требаше да се “спасува” туку требаше да се остави да банкротира вели поранешниот министер за финансии во владата на Ципрас Јанис Варуфакис во интервју за германски “Билд”.

Повод за разговорот со Варуфакис е завршувањето на третата програма за спасување на Грција проект против кој се противеше Варуфакис и поради кој си поднесе и оставка по само неколку месеци во владата на Ципрас.

“Грција е на истото место во истата “црна дупка” и продолжува секојдневно да пропаѓа сe повеќе и повеќе. Една од причините се побарувањата на кредиторите за “кратења” што ги попречуваат инвестициите и потрошувачката.” – вели Варуфакис за “Билд” и додава:

“Суверениот долг на Грција не се намали туку се зголеми само што имаме повеќе време да исплатиме уште поголеми долгови. И покрај мерките за порамнување на долгот преземени на два пати долгот се зголеми. Државата останува банкрот јавноста стана посиромашна компаниите сe уште се банкрот а БДП падна за 25 отсто. Компаниите си должат пари една на друга и на државата а од своја страна државата им должи огромни износи на компаниите”.

Варуфакис вели дека “малите бизниси дури и самовработени плаќаат 75 проценти давачки на државата почнувајќи од првото евро.

Јанис Варуфакис е грчки економист кој беше член на парламентот во периодот од јануари до септември 2015 година. Како претставник на “Коалицијата на радикалната левица” беше и на позицијата министер за финансии 7 месеци во владата на Ципрас. Гласаше против третиот програмски економски пакет и си поднесе оставка. Во февруари 2016 година ја основа партијата “Демократија во Европа движење 2025“.

Ова главно ги убива младите претприемачи. Во Бугарија данокот за претприемачи е 10 проценти.  Компаниите бегаат. Потребни се нови инвестиции но нема доволно пари за да го сторат тоа. Порастот на туризмот не е доволен за да се подигне потонатиот брод од на дното на морето.” – тврди поранешниот министер.

Варуфакис ги обвини грчката влада – ММФ – Европската централна банка и германската влада за лажење.

“Госпоѓа Меркел двапати ги измами Германците. Првиот пат во парламентот кога се гласаше за првиот спасувачки пакет и кога изјави дека тоа е чин на солидарност со грчкиот народ.Тоа беше лага бидејќи парите беше за германските и француските банки кои спротивно на здравиот разум им позајмија многу пари на претставниците на олигархијата во Грција.”

Што се однесува до грчките банки тие не требаше да бидат спасени туку требаше да дозволат да банкротираме да ги трпиме последиците и потоа да дозволиме да ги споиме сите парчиња и да продолжиме,што инаку не ни го дозволуваат спасувачките пакети

Меркел беше принудена да каже уште една лага ветувањето на германскиот народ дека спасувачките пакети ќе бидат отплатени со каматна стапка нешто што е невозможно со оглед на банкротот на Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.