Младиот Васил Јанкула, кој боледува од детска целебрална парализа, ќе биде дел од 32-рото издание на Охридскиот меѓународен атлетски маратон, на 8-ми септември

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 15:03

Васил од Мала Преспа кој боледува од церебрална парализа, учесник на Охридскиот атлетски маратон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа кој боледува од детска целебрална парализа, ќе биде дел од 32-рото издание на Охридскиот меѓународен атлетски маратон, што ќе се одржи на 8 септември.

Васил Јанкула иако боледува од детска целебрална парализа, болеста во ниту еден момент не го поколебала да биде спортски активен.

Васил боледува од детска целебрална парализа но воедно е и човек со огромна волја и бистар ум.

Неговата желба да со точак на три тркала ги помине овие навистина тешки 30 километри полни со големи угорници и удолници беше предизвик пропратен со одредена резерва, но беше прифатена, секако вон конкуренција.

Големината на волјата и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги, изјавија од Организацискиот одбор на маратонот.

Додаваат дека овој млад човек и покрај својот физички хендикеп ќе ја извози патеката од 30 км со својот велосипед за да ни покаже дека различностите се насекаде околу нас но дека треба да бидат прифатени дека и лицата со посебни потреби можат да бидат дел од еден ваков спортски настан.

Останува на Васил да покаже на светот дека физичкиот хендикеп не и може ништо на желбата и одлучноста на еден млад човек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.