Марковски како еден од истакнатите доктори во државава вели дека веќе заболените од Ковид-19 најзаразени се еден ден пред појавување на симптомите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 април, 2020 10:10

ВЕЛО МАРКОВСКИ: Карантин не е потребен, мерките се премногу рестриктивни!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото мактел.мк

Во анализа за „Само вистина“  професорот и инфектологот Вело Марковски открива како да се справиме со коронавирусот во земјава но и вели дека оние кои се заболени од вирусот, се најзаразни еден ден пред да се појават симптомите.

Воедно Марковски е поранешен директор на Инфективната клиника-Скопје и вели дека не се согласува во целост со рестрективните мерки кои ги донесе Владата за заштита и превенција од коронавирусот. Имено тој посочува дека треба да се разгледа можноста за поблаги мерки бидејќи како што вели дека полициските часови кои се воведоа за викенд, а сега и за престојниот празник се голем период за изолација.

–Имаме луѓе кои се возрасни, имаат склероза, кои не можат да се јават и да побараат помош. Замислете семејства од пет па и повеќе членови кои живеат во стан од 40-50 квадрати и како тие ќе издржат толку саати без да излезат. Полесно им е на тие што живеат во куќи. Што ако поради рестриктивните мерки изгубиме макар и само еден живот од која било причина, мерките нема да може да ги квалификуваме како успешни – вели д-р Марковски за „Само вистина“.

Марковски како еден од истакнатите доктори во државава вели дека веќе заболените од Ковид-19 најзаразени се еден ден пред појавување на симптомите.

Болните, односно заразените од ковид-19, се најзаразни еден ден пред да се појават симптомите сè до два дена од појавувањето на симптомите. Мал дел од заразените клиничката слика ја развиле по 10 дена од инкубацијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.