Јас не сум скршен, иако буквално сум опкружен со убијци, но деновите додека не бидам во можност да читам и зборувам и ја организирам својата одбрана,

Објавил: admin@magazin | 26 мај, 2019 10:27

(ВИДЕО)Првото писмо на Асанж од затвор: „Опкружен сум со убијци ја сакаат мојата СМРТ„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во писмото од затворот во Белмарш, коосновачот на Викиликс Џулијан Асанж вели дека му е скратена шансата да се брани и дека елементите во САД кои „ја мразат вистината, слободата и правдата“.

Писмото што го напиша Асанж, му е пратено на независниот британски новинар Гордон Димак, а датирано од 13 мај десет дена пред САД да објават 17 дополнителни тужби по Законот за шпионажа против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Гордон Димак го прочитал писмото на својот Јутјуб канал. 

Австралиецот Асанж се прослави по објавувањето серија американски тајни документи, вклучително и за воените операции на САД во Авганистан и Ирак и за условите во затворот во базата Гвантанамо на Куба.

-Изолиран сум од сите можности да се подготвам за одбрана: немам лаптоп, интернет, ниту компјутер, ни библиотека, но дури и ако добијам пристап, тоа ќе биде само половина час, со сите останати, еднаш неделно-напишал Асанж.
-Другата страна? Суперсила која се подготвува веќе 9 години, со стотици луѓе и неброени милиони кои се потрошени на овој случај-додава тој.

-Јас не сум скршен, иако буквално сум опкружен со убијци, но деновите додека не бидам во можност да читам и зборувам и ја организирам својата одбрана, моите идеали и моите луѓе се готови додека не бидам слободен. Сите останати мора да го заземат моето место-напишал Асанж.

-Владата на САД, или подобро речено, во неа жалосните елементи кои ја мразат вистината, слободата и правдата, ја сакаат попрво мојата екстрадиција и смрт, наместо да ја пуштат јавноста да ја слушне вистината, за која добив најмногу награди и сум номиниран 7 пати за Нобелова награда за мир-напиша Асанж.

Еквадор на 16 август 2012 година го одобрил политичкиот азил на Џулијан Асанж, кој се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон од јуни истата година.

Британските власти соопштиле дека без оглед на одлуката, нема да дозволат Асанж да ја напушти земјата, затоа што „се истрајни во намерата да го испорачаат“. Асанж кој ги негира сите обвинувања, тврди дека позади одлуката да биде испорачан се крие намерата Шведска да го испорачаат на властите во САД. На 11 април, 2019 година Еквадор го укинал азилот за Асанж, а веднаш потоа бил уапсен од страна на британската полиција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.