Лила Филиповска на распит за рекет

Објавил: Узунов Бобан | 2 септември, 2019 9:51

(видео) Водителката Лила Филиповска на распит за рекет !

Фото/Текст извор: ©магазин

Водителката Лила Филиповска, која му правела друштво на нејзиниот долгогодишен пријател Бојан Јовановски – Боки 13, кога на 15 јули сакаше да ја напушти државата со полна торба пари, утрово дојде да сведочи пред шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Рускоска.

Бојан Јовановски беше уапсен на 15 јули на граничниот премин Богородица при обид да ја напушти државата, со торба евра. Со него биле Филиповска и вработена во телевизијата на Јовановски 1ТВ.

Во истрагата „Рекет“, која почна со апсењето на Јовановски, досега има тројца осомничени и сите се во притвор. Меѓу нив е и специјалната обвинителка Катица Јанева

Дента кога се апсеше Боки 13, лишен од слобода беше и второосомничениот Зоран Милески – Кичеец.

Предистрагата за „Рекет“, е почната неколку месеци пред апсењата, откако премиерот Зоран Заев и кажал на Рускоска оти осомничениот бизнисмен Орце Камчев му се жалел оти бил рекетиран од Јовановски и Кичеец, со помош на специјалната обвинителка Катица Јанева. Три месеци обвинителството собирало докази од банкарски сметки, биле барани сефови во банки, имало потрага за лоцирање на изгубениот телефон на Јанева, па дури по финансиската истрага почнаа апсењата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.