Вербата во себе и својот тим, македонските одбојкари успеаа да дојдат до триумфот, и  да испишат историја. За првата историска победа на македонскиот национален тим во одбојка  најзаслужен беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 37 поен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2019 16:15

ВИДЕО: Ечеа македонски песни- вака одбојкарите ја слават историската победа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Охрид Њуз

Македонскиот машки национален тим во одбојка, ја совлада Белорусија со 3:1 (по сетови 23:25, 25:19, 29:27, 25:20), што е прва победа за „жолто-црвените“ на европските првенства.

Вербата во себе и својот тим, македонските одбојкари успеаа да дојдат до триумфот, и  да испишат историја. За првата историска победа на македонскиот национален тим во одбојка  најзаслужен беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 37 поен.

Со оваа победа Македонија освои три бода и се искачи на петтата позиција на табелата, зад нас е Белорусија.

Во другиот денешен меч од групата во Љубљана, Русија без проблеми ја победи Финска со 3:0, па в среда Русите и Словенците ќе имаат директен дуел за првото место.

Следниот меч за нашиот национален тим е утре попладне, од 17:30 часот против домаќинот Словенија кој воедно е последен и од првата групна фаза на европскиот собир за Македонија.

Евентуална победа за Македонија ќе значи шанса за осминафинафинале, но сепак ќе зависи од другите натпревари до крајот во Ц-групата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.