Заев: Мицкоски во Тетово заборави да ги поздрави тетовци

Објавил: admin@magazin | 11 април, 2019 10:53

(ВИДЕО) Заев им ја запеа „Strangers in the night“ на Силјановска и Мицкоски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на СДСМ Зоран Заев од митингот од тетовскиот плоштад порача дека разноликоста блика во Тетово и градот претставува симбол на мултиетничноста и им ја отпеа Strangers in the night на Силјановска Давкова и Мицкоски.

Тој вели дека вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Тетово ги поздравил Унијата на млади сили на ВМРО, Унијата на жени, но заборавил да ги поздрави тетовци.

Зоран Заев на почетокот ги поздрави тетовци и на албански и на македонски, а потоа ги праша на тетовски : Што правимо, ќе победимо ли?

Цело време со мене си правел муабет, па јас вчера не бев во Тетово. Еј мајката што им е на луѓево. Го гледам продолжува со погрдни зборови со зла мисла. Мицковски кој вчера од тука од Тетово ми се заканувал. Се заканувал и тој од христијанско братство, но како се заканувал, како христијанин или за Христијан (Мицкоски). Во христијанство нема закани туку има помагање. И Силјановска тргнала по Мицкоски, а тој по Груевски. Не бива таа работа.Не нудат ништо, ниту кажуваат како. А, зборуваме за претседател на нацијата, за прв човек во државата. Има една песна се вика „Strangers in the night“ како странци во ноќта се изгубени до крај – рече Заев.

https://www.facebook.com/remetMK/videos/450319405705921/?t=6

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.