Пет се на албански јазик, а во описот на секој разговор е наведено дека зборуваат политичари од ДУИ, како Блерим Беџети, Муса Џафери, Бекир Асани.

Објавил: admin@magazin | 29 мај, 2019 18:20

(ВИДЕО) Нови „БОМБИ“ НА ИНТЕРНЕТ– Замешани функционери на ДУИ !

Фото/Текст извор: ©24 инфо

По Илија Громовник, на Фејсбук се појави нов „бомбаш“, кој објави шест нови аудио материјали во изминативе 12 часа, пренесе http://24info

Пет се на албански јазик, а во описот на секој разговор е наведено дека зборуваат политичари од ДУИ, како Блерим Беџети, Муса Џафери, Бекир Асани.

Една е на македонски јазик и како што е објавено разговараат поранешните високи полициски функционери Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, кои говорат дека тогашниот заменик министер во МВР Блерим Беџети барал да се казнат припадници на „алфите“, кои според Мијалков и Јанкулоска, коректно си ја завршиле работата во врска со претрес за нелегален пиштол, кај извесен Шеваљ.

Дел од нелегално прислушуваните материјали веќе се недостапни, но дел сеуште ги има. Инаку нови „бомби“ пред неколку дена на Фејсбук најавија членови на т.н. Кумановска група, осудени за настаните во „Диво насеље“, па медиумите новите нелегално прислушувани материјали ги поврзуваат со оваа група.
Според напишаното од објавувачот, ова е само почеток и ќе следуваат објави на уште прислушувани разговори, кои тој тврди дека ги добил од лица кои се обвинети за терористичкиот напад на Куманово од пред 4 години.
Нелегалните прислушувани разговори се објавуваат под кодни имиња Никола Тесла, Илија Громовник, а последните од денеска под името Ел Чека, а се објавени од Чикаго.

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интерес.

*Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

ЛИНК ОД ОРГИНАЛОТ: Профилот на Ел Чека погледнете го https://www.facebook.com/el.cheka.7

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.