Пет лица се повредени откако брод за крстарење изгубина контрола и удри во пристаниште во Венеција, објави агенцијата АГИ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 јуни, 2019 12:23

(ВИДЕО) Се судрија крузер и туристички брод во Венеција!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Командата на венецијанското пристаниште ги евакуира патниците на бродот, а полицијата, спасувачите и противпожарната бригада пристигнаа на местото на настанот.

Како што објави агенцијата АГИ, пет лица се повредени откако брод за крстарење изгубил контрола и удри во пристаниште во Венеција.
Немилиот инцидент се случил во каналот Џудека рано утрово.

Бродот кој крстарел изгубил контрола додека доаѓал да пристаниште во Венеција во неделата, удирајќи во пристаништето и потоа во туристички брод, објавија италијанските медиуми.

Според извештаите на Италијанските медиуми, во несреќата две лица беа лесно повредени. Патниците на бродот се евакуирани, а полицијата, спасувачите и противпожарната бригада пристигнаа на местото на настанот.

Венеција е главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во Венецијанскиот Залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.