Невена Божовиќ српската претставничка родена е на 15 јуни 1994 година во Митровица. Таа ја претставуваше Србија на Детската Евровизија 2007 година во Ротердам и освои 3 место.

Објавил: admin@magazin | 14 мај, 2019 23:59

(ВИДЕО) СРБИЈА се пласира во финалето на ЕВРОВИЗИЈА- еве кои други земји влегоа во финалето!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Завршено е првото полуфинале на 64 та Евровизија во Тел Авив, а српската претставничка Невена Божовиќ се пласира во финалето.

Претставници кои се пласираа во финалето на Евровизија 2019 година се Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија. Дирекно во финалето ќе настапат Германија, Израел, Италија, Франција и Шпанија. 

Невена Божовиќ српската претставничка e родена на 15 јуни 1994 година во Косовска Митровица. Таа ја претставуваше Србија на Детската Евровизија 2007 година во Ротердам и освои 3 место.
После победата на Беосонг 2013 година, како член на групата мои 3, се натпреваруваше како претставник на Евровизија 2013 година во Малме.

Изборот на песна за Евровизија е годишен натпревар одржан помеѓу повеќе активни членки на Европската радиодифузна унија.
Секоја земја учесничка доставува песна која ќе биде изведена во живо на телевизија или радио, а потоа доделува гласови на песните на другите земји за да се одреди најпопуларната песна во конкуренцијата.

Изборот се емитува секоја година од неговото воведување во 1956 година и е еден од најдолготрајните телевизиски програми во светот. Исто така е и еден од најгледаните не-спортски настани во светот, со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони на меѓународно ниво во последните неколку години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.