Според изјавата на Претседателот на Стопанската комора на Косово, Берат Рукиќи, поради Франција и Холандија, земјата може да се надева на визна либерализација за 20 години

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 13:29

Визите за Косово за ЕУ тешко дека ќе се укинат пред 2020 година

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Стопанската комора на Косово Берат Рукиќи смета дека реална опција за визна либерализација за Косово е почетокот на 2020 година.

Како што истакна Рукиќи, во Советот на Европа не се ставаат на гласање прашања за кои нема целосен консензус на моќните земји во Европската унија (ЕУ).

Има две земји со извонредна моќ во ЕУ, кои поради една или друга причина, се противат на либерализацијата на визите за Косово: Франција и Холандија.

Шансите за позитивна одлука за визите, во текот на оваа година, се 50/50.

Во Советот, сличните прашања во ниеден случај не се ставени на гласање доколку нема консензус, посебно од земјите кои имаат моќ. Најреална опција за ефективна либерализација е почетокот на 2020 година. – истакна претседателот на Стопанската комора на Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.