Зошто се лаже Македонската јавност дека со промена на името т.е. гласање со "за" на Референдумот за Договорот со Грција веднаш ќе се реализираат НАТО и  ЕУ интеграциите? 

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 8:52

Власта лаже: “Македонија и Северна да е во НАТО по 2020 а во ЕУ по 2025 година”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на Република Македонија и Министерствата за евроинтеграции како и одбрана и надворешни работи треба да им се извинат на граѓаните на Република Македонија што пред Референдум изнесуваат лаги дека земјата веќе следната година ќе е членка на НАТО а и ЕУ.

Многу лесно се организираа сеуште најасни прослави за членство во НАТО кое како што гледаме нема да се случи за скоро. Имено на самиот документ со барања кои НАТО ги достави до Владата на Република Македонија и министерството за одбрана јасно стои дека само доколку се исполнат сите услови можна покана за членство но не и членство би можело да се очекува во 2020 година.

И тоа не се зборовите со кои Зоран Заев – Рамила Шекеринска и Стево Пендаровски како Национален координатор за НАТО ни го појаснија процесот наречен членство во НАТО.

Барањата се комплексни и бараат огромни политички но и Законски и Уставни измени по што Република Македонија може да помисли да преговара за членство во НАТО само и само ако го промени името во Република Северна Македонија но и го имплементира Законот за употреба на јазиците т.е. воведе двојазичност на целата територија со што би биле билингвалнда држава и го промени Уставот и Преамбулата со што Северна Македонија би била држава на две нации – Македонската и Албанската и етничките заедници.

Воедно и т.н. позитивна вибрација од ЕУ е исто така голем шарен балон лаги. Следната 2019-та година ЕУ само ќе провери дали Република Македонија која до тогаш мора да стане Северна ги исполнила барањата од забелешките кои ни ги достави ЕУ. А тука месеци наназад добиваме критики дека ние воопшто немаме поместување – напротив Владата на СДСМ и ДУИ не направиле ништо од бараните реформи по сите параметри кои ги бара ЕУ.

Тоа не се зборови кои ни ги кажуваат Зоран Заев – Бујар Османи и Никола Димитров како сурова реалност наречена патот до членство во ЕУ.

Воедно од Советот на Европа се јасни и децидни. И се да биде идеално Република Северна Македонија може да се надева на членство во ЕУ по 2025 година. Иако тоа е година за кога се најавува дека покани ќе добијат само Србија и Црна Гора додек Македонија и Албанија ќе почекаат некои подобри времиња.

Зошто се лаже Македонската јавност дека со промена на името т.е. гласање со “за” на Референдумот за Договорот со Грција веднаш ќе се реализираат НАТО и  ЕУ интеграциите? 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.