Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, се огласи од Хелсинки, каде се одржува конгресот на ЕПП, каде партијата е рамноправна членка, со став дека сестринските партии ја разбрале мисијата

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 6:16

ВМРО – ДПМНЕ е народна партија, партија на народот а народот е против ново име

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со првични впечатоци од Конгресот на ЕПП, каде партијата е рамноправна членка.

Од Хелсински, за Канал 5 појасни дека пред сите колеги од сестринските партии го повторил ставот на ВМРО – ДПМНЕ за уставните измени и обидот за промена на името, сметајќи дека дел од нив и не биле добро упатени во процесот.

Добро е секогаш да се слушнат и двете страни односно да се вкрстат аргументите на двете страни така што можев да ги објаснам позициите на ВМРО – ДПМНЕ изминатиот период а истовремено да ги убедам дека ВМРО – ДПМНЕ никогаш во минатото, никогаш не би подржало ниту пак би презела акција во насока да делува насилно или да се заканува и да уценува. – изјави Христијан Мицкоски во телефонски разговор за Канал 5.

Мицкоски истакна дека остварил средба со неколку високи претставници на ЕПП и претседатели на држави од сестринските партии.

Претседателот Мицкоски уште еднаш го повтори ставот на партијата, додавајќи дека и покрај тоа што во Собранието се започнати собраниските процедури за Нацрт Амандманите за измена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, ВМРО – ДПМНЕ останува да биде против овој процес.

ВМРО – ДПМНЕ е народна партија, партија на народот и ВМРО-ДПМНЕ секогаш во минатото, така и во иднина ќе ги користи исклучиво демократските алатки кои и стојат на располагање. ВМРО – ДПМНЕ продолжува да биде против уставните измени во рамките на Собранието. – нагласи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.