Имено во соопштението стои дека вчера премиерот покажа зошто не треба да биде на оваа позиција, бидејќи се срами од сопствената држава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 март, 2019 10:14

ВМРО-ДПМНЕ: Заев вчера покажа зошто не треба да биде премиер- тој се срами од Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По вчерашниот ТВ Дуел, на лидерот на ВМРО Кристијан Мицковски и премиерот на државата Зоран Заев, од опозициската партија реагираа со соопштение до јавноста. Имено во соопштението стои дека вчера премиерот покажа зошто не треба да биде на оваа позиција, бидејќи се срами од сопствената држава. Тие реагираат поради тоа што Заев во текот на целото интервју не го спомна името Македонија, а во моментот кога лидерот на ВМРО му подари беџ на кој стои Република македонија, тој го врати велејќи дека ние сме Северна Република Македонија.

Ова е беџот кој премиерот го одби бидејќи на него стои Република Македонија па лидерот на ВМРО, гордо го закачи на своето одело

Зоран Заев се срами од Република Македонија. Исплашен и во нервоза цело интервју не смееше да го изговори името Македонија, па стотина пати го повтори новото име кое го донесе против волјата на граѓаните, стои во соопштението.

Од ВМРО велат дека стравот на Заев беше очигледен и кога не смееше да зборува за Македонците во Грција, ниту за нивното постоење, ниту за тоа на кој јазик зборуваат.

Зоран Заев покажа вчера зошто не смее да биде премиер на Република Македонија, затоа што се срами од сопствената држава и народ.Власта повеќе од две години ја урнисува економијата и ги осиромашува граѓаните. Нема пари за граѓаните, но затоа бизнисите на Заеви цветаат.

Опозициската партија вели дека додека над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија, возниот парк на Заеви е исполнет со возила од марките Бентли и Мерцедес Мајбах.

Граѓаните едвај врзуваат крај со крај поради неспособноста на власта, а Заев ставил розеви очила и ги лаже граѓаните дека црното е бело.

Зоран Заев мора да си замине. Република Македонија не може понатаму со Зоран Заев,стои во соопштението на ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.