Канческа Милевска "откри" топла вода, дека пред да гласа за уставните измени го известила претседателот Мицкоски, иако истото го потврдија и пратениците Мукоски и Арнаудов

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 7:25

ВМРО – ДПМНЕ ми е во срцето, уставните измени во џебот?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешната декадна министерка за култура во владата на Никола Груевски, која својата работна кариера ја започна како помошник на претходната министерка, Канческа Милевска со уште едно ТВ гостување.

Пратеничката и координаторка на групата одметнари пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, истакна дека таа во срцето сеуште е ВМРО – ДПМНЕ.

Немам никаков документ добиено дека сум исклучена од ВМРО – ДПМНЕ. – вели Елизабета Канческа Милевска во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21.

Таа вели дека никој не може да ја исклучи од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи партијата и е во нејзиното срце. Смета дека донесената одлука по гласањето за уставните промени е избразана или пак имало влијание од други личности кон претседателот Христијан Мицкоски.

Пред гласањето за уставните измени разговарав со претседателот Христијан Мицкоски и дека тој знаеше за мојот став околу отворањето на уставот. – изјави Канческа Милевска.

Канческа Милевска вели дека Сашо Мијалков не вршел притисок врз неа ниту пак врз останатите пратеници кои дадоа зелено светло за уставните измени, иако дал поддршка.

Поранешната министерка, а сега актуелен пратеник вели дека поголем е бројот на пратеници од опозицијата кои веруваат во процесот на уставните промени.

Канческа Милевска се осврна и на националното помирување и немилите настани во Собранието минатата година.

Премиерот Зоран Заев подаде рака во Собранието и рече дека треба да има помирување. Јас се согласувам со тоа. Ова е крајно време да се направи едно такво помирување. – изјави Елизабета Канческа Милевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.