Генералниот секретар на ВМРО - ДПМНЕ со најава за Одлука по основ на Референдумот

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 јули, 2018 16:00

ВМРО – ДПМНЕ наскоро со став: Ќе има или не бојкот!?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО – ДПМНЕ во наредните денови ќе каже дали ќе го бојкотира референдумот. Според генералниот секретар – Игор Јанушев – партиските органи ќе донесат Одлука како ќе се позиционираат во однос на референдумот закажан за 30-ти септември 2018 година.

Јанушев го повтори ставот дека не се согласуваат со референдумското прашање и дека тоа е двосмислено.

“Власта одлучи да распише референдум за договорот со Грција без да го послуша размислувањето на 455.000 граѓани на Република Македонија кои се претставени од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата. Заев насила турка двосмислено прашање за исполнување на грчките црвени линии. Да беше убеден дека е заштитен идентитетот – Заев немаше да манипулира со двосмислено прашање спротивно на законот за референдум и Уставот. Требаше прашањето да биде само за Договорот со Грција. Вака се прикрива со ЕУ и НАТО.”

“ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија – секој има право на мислење а официјалните ставови ги соопштуваме официјално.” – рече Јанушев одговарајќи на прашање дали повикот за бојкот на пратеникот Антониjо Милошоски е став на партијата.

Тој додаде дека е срамно референдумот да се поистоветува со оној од 1991 година бидејќи тогаш имало консензус. Јанушев истакна дека ако не успее референдумот – граѓаните ќе очекуваат оставка од Заев како што вети а не да се префрли одлуката на институциите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.