Од опозициската партија додаваат дека со спуштање на нивото се надеваат дека ќе предизвикаат инциденти со кои би се дефокусирало вниманието од сиромаштијата и катастрофата со која се соочуваат граѓаните.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 мај, 2019 10:50

ВМРО: Не може Шилегов да не е добар за СДСМ, а да е добар за град Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Простотилакот на Петре Шилегов е поттикнат и охрабрен од Зоран Заев. Кога Заев и Шилегов немаат никаков аргумент со кој би го објасниле криминалот, расипништвото и пропаѓањето во овие две години, прибегнуваат кон навреди, вулгарности и недолично однесување,велат од ВМРО.

Шилегов е политичар, кој за година ипол нема изградено ниту еден булевар, улица или пешачка стаза, велат од ВМРО.

Од опозициската партија додаваат дека со спуштање на нивото се надеваат дека ќе предизвикаат инциденти со кои би се дефокусирало вниманието од сиромаштијата и катастрофата со која се соочуваат граѓаните.

Недоличното однесување и говорот на омраза на Шилегов мора да биде санкциониран.Нервозата за лошиот изборен резултат Шилегов може да ја искажува на Бихаќка, ама не и пред граѓаните.Скопјани година ипол не видоа ниту еден проект или инвестиција, само омраза и неспособност.Токму затоа Шилегов е во право кога вели дека оставка поднесуваат луѓе со интегритет, одлика со која Шилегов одамна расчистил.

Од ВМРО додаваат дека доколку СДСМ и премиерот Заев мислат дека ќе ја залажат јавноста со театарот наречен метла се лажат.

Граѓаните се незадоволни од градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот Шилегов. Не може Шилегов да не е добар за СДСМ, а да е добар за град Скопје. Како ако Шилегов не е добар за потпретседател на партијата би бил добар за градоначалник.Граѓаните не бараат метла во СДСМ. Граѓаните бараат метла во државата.Шилегов е политичар, кој за година ипол нема изградено ниту еден булевар, улица или пешачка стаза. Шилегов година ипол нема направено ништо. Токму затоа треба час побргу да си даде оставка од позицијата градоначалник. Се друго е само потврда дека најавената метла е само театар за отргање на вниманието на граѓаните од лошите политики, но и чистење на СДСМ и јакнење на позицијата на Заев во пресрет на неминовното одење во опозиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.