Како што пишува во „Етнос“ градоначалникот на Скопје Петре Шилегов – кој доаѓа од СДСМ (Социјалдемократски сојуз) е поддржан од Зоран Заев и се очекува да ја отстрани галијата до средината на април, без финансиско оптоварување на општината со што официјално ќе почне со уривање на проектот „Скопје 2014“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 април, 2020 20:52

Шилегов во интервју за грчки медиум: Не се повлекувам додека не го урнам „Скопје 2014“

Фото/Текст извор: ©извор-фото Лидер.мк

Во интервју за грчиот весник „Етнос“скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, зборувал за неговиот план за отстранување на галијата од реката Вардар како и за отстранување на спомениците и фасадите кои беа дел од проектот „Скопје 2014“, пренесува Лидер.мк.

Во интервјуто Шилегов вели дека нема да се повлече додека не го урне „Скопје 2014“.

Како што пишува во „Етнос“ градоначалникот на Скопје Петре Шилегов – кој доаѓа од СДСМ (Социјалдемократски сојуз) е поддржан од Зоран Заев и се очекува да ја отстрани галијата до средината на април, без финансиско оптоварување на општината со што официјално ќе почне со уривање на проектот „Скопје 2014“.

Во интервјуто Шилегов вели дека нема да се повлече додека не го урне „Скопје 2014“.

Тој ќе чека зелено светло од општина Центар за веднаш по парламентарните избори да почне со уривање на спомениците, бидејќи како што вели одржувањето на статуите и фонтаните достигнува 500.000 евра годишно.

Шилегов за „Етос“ вели дека проектот Скопје 2104 е криминално дело на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, а негова должност е да ги отстрани спомениците и да го врати лицето на градот.

Целото интервју на градоначалниот Петре Шилегов може да го прочитате на следниот линк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести