Засега нема официјални реакции од надлежните за последниот случај од трендот на влетување со автомобил на градскиот плоштад.

Објавил: admin@magazin | 29 декември, 2020 1:58

Возило повторно влета на плоштад: Возачот клекна и се крстеше пред Цар Самоил (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На социјалните мрежи се појави ново видео на кое се гледа дека возач повторно со автомобилот влезе на плоштадот во Скопје. На истото може да се забележи како возачот клекнува и се крсти пред споменикот на Цар Самоил!

На видеото, кое го постираше новинарот Фуркан Салиу, се забележува дека возило со скопски регистарски таблички е „паркирано“ на плоштад Македонија, додека пак возачот е клекнат на колена, се моли и крсти пред споменикот на цар Самуил.

Засега нема официјални реакции од надлежните за последниот случај од трендот на влетување со автомобил на градскиот плоштад.

Ова е уште еден од низата скандали кои во последните денови се случија во Скопје!

Пред неколку денови Министерството за внатрешни работи го пронашла Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило „бентли“ се движеше по плоштадот во Скопје и ја загрози сигурноста на присутните граѓани.

Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните“, се наведува во соопштението од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.