Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Објавил: Едмонд Бекири | 9 септември, 2023 14:06

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони туристи,  објави министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро.

Во периодот јануари-август  Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Ова е бројка што ја крунисува работата на сите, тимот на Министерството за туризам и животна средина, општините, тур-операторите и пред се секој хотелиер и професионалец во секторот, кој посветено вложил во формирањето на Туристичката репутација на Албанија, наведува министерката во објава на Фејсбук.

Според бројките што ги објавува  Кумбаро, само во месец август  престојувале  2. 022. 754 туристи или 18 отсто повеќе од истиот месец минатата година.

Покрај косовските и македонските туристи, кои се најбројни, Албанија како летна дестинацијa ја избрале и туристите од Шпанија, Италија, Турција, Црна Гора, Франција, Полска, Србија и други земји.

 Исто така, Ѓирокастро, Берат, Бутринти, Круја, Тирана, Скадар, се популарни дестинации за историски и културен туризам. Се поголем интерес владее и за планинскиот и селски туризам, додава таа.

Минатата година Албанија забележа  рекорд од 7,5 милиони туристи која беше најдобрата година досега во туризмот во однос на бројките.

 Остварената бројка за осум месеци, оценува Кумбаро, е повеќе е гаранција дека 2023 година ќе постигне нов рекорд во туризмот.

вт/ссм/Фото: Фејсбук страна на Кумбаро!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...