Во болницата во Велес од 30 кандидатки за медицинска сестра, по објавената ранг листа, вработени последно рангираната и седум други, кои не биле меѓу прворангираните

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 октомври, 2018 11:07

Во здравството се вработува по партиска книшка, не по стручни квалификации

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Откриен скандал во болницата во Велес каде на оглас, најквалификуваната медицинска сестра отпаѓа, а работа добива последната на листата, што е индиција за класично партиско вработување.

Во последниот период се поактуелни се вработувањата во јавните здравствени установи, како и покачувањето на платите.

Меѓу другото, надлежните наведуваат дека целта е медицинските кадри да се задржат во здравствените установи во земјава, односно да не заминуваат од Македонија.

На оглас за вработување на медицински сестри во болницата во Велес се констатира злоупотреба ако се погледне листата на кандидати, како и одлуката за вработување.

Имено листата на која се рангирани кандидатите, прво рангираната кандидатка не е примена,  а последната е примена, иако има многу помалку бодови од првата на листата.

Имено кандидатката Маргица Урумова по ранг листата од 30 пријавени има вкупно 83.50 бодови, како и сите кандидати има ССС или средна стручна спрема и во сите три графи за бодување води според нормите.

Кандидатката Цвета Панова има само 46.5 бодови што е скоро за 50 отсто помалку од прворангираната, но сепак го добива работното место.

Работно место добиваат и трето и четврто рангираните, како и кандидатките под рангирани како 5-та, 11-та, 15-та, 19-та, 20-та, 21-ва и 28-ма.

Упатените коментираат дека без разлика на квалификацииите според системот за бодирање, очигледно дека некои други параметри и квалитети се земаат во предвид при вработување. Не е јасно како не е вработена ни второ рангираната кандидатка.

Вакви случаи на вработување неодамна имаше и во болниците во Охрид и во Кичево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...