Скапи патни исправи по брза постапка

Објавил: Калина Мартинска | 4 април, 2024 13:17

Вo кризата со пасоши македонските граѓани платиле 13 милиони евра

Фото/Текст извор: ©birn.mk

Во последната половина година дена на МВР сме му платиле над 13 милиони евра за издавање пасош во итна постапка.

Ова го покажува анализата на БИРН според податоци добиени од министерството од 1 септември 2023 година, заклучно со 15 март годинава.

Бројките покажуваат дека речиси една третина од вкупно примените барања за пасоши се по итна постапка. Со други зборови, тоа значи дека околу 74 проценти од примените барања биле за издавање пасоши во редовна постапка, а приближно 26 проценти во итна постапка (132.948).

Издавањето на пасош по итна постапка чини 6.200, односно 6.400 денари, а тоа значи дека за нешто повеќе од половина година, граѓаните за итно да добијат пасош платиле приближно 13,4 милиони евра.

Најмногу пасоши во итна постапка биле побарани во февруари годинава – 36.100.

Инаку Македонија е на делба на 31-то место со Тринидад и Тобаго. Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Грција на делба на петото место (влез во 142 држави/во 104 без виза), пред Словенија на делба на шестото место (влез во 141 држава/безвизен режим со 103 држави). Следи Хрватска на девето место со влез во 137 држави и безвизен режим со 99 земји, на десето место со влез во 136 држави се Романија (безвизен режим со 99 земји) и Бугарија (безвизен режим со 97 држава), а Србија е 29-та со влез во 111 држави и безвизен режим со 71 држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.