СДСМ и ДУИ вчера рамо до рамо со Драгиша Милетиќ и Амди Барјам кои пред 19 години организираа масовни анти НАТО протести и ја запалија амбасадата на САД во Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 8:54

Во НАТО со политичари кои ја запалија амбасадата на САД во Скопје?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Драгиша Милетиќ, претседателот на Српската напредна странка во Македонија, беше еден од главните учесници на маршот на власта во кампањата за гласање „За“ на референдумот кој ќе се одржи на 30 септември месецов.

На маршот, учесниците испратија пораки дека мора да се гласа „За“, за Македонија што е можно побрзо да влезе во НАТО и ЕУ.

И Амди Бајрам е за НАТО, иако заборавил дека пред 19 години сакаше и се обиде да го запали.

Но, се чини во НАТО ќе не внесуваат луѓе кои во минатото имаа исклучиво анти-западна реторика.

Имено, Милетиќ беше еден од организаторите на протестите во Скопје против НАТО за време на помбардирањето на СР Југославија во 1999.

Тогаш, демонстрантите ја запалија амбасадата на САД во Македонија, а сега организаторот на истите ќе не внесува во НАТО.

На истиот настан предводник беше и вечниот пратеник Амди Бајрам кој вчера исто така се залагаше за НАТО рамо до рамо со Шекеринска и Заев, исто како што на видеото од 1999 година се гледа дека бил рамо до рамо со Милетиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.