Автобусот со кој се превезувале навивачите успешно го помина последниот технички преглед

Објавил: admin@magazin | 13 август, 2018 9:38

Во сообраќајна несреќа загинаа 12 навивачи на Барселона

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на еквадорскиот клуб Барселона, Хозе Франциско Шевалос, соопшти дека во сообраќајна несреќа животот го изгубија 12 навивачи на неговиот тим. Фановите починаа враќајќи се од гостински натпревар во националниот шампионат против Депортиво од Куенка (1:1).

– Конечниот извештај за несреќата што се случи вчера со нашите фанови е 12 загинати и уште 30 повредени, информира Шевалос.

Како што е наведено во локалните медиуми, автобусот со кој се превезувале навивачите успешно го помина последниот технички преглед.

На стадионот на Барселона во Гвајакил планирано е да се формира привремена капела, каде што секој може да оддаде почит на загинатите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.