Дел од вработените сепак се скептични, дали инцидентот, случајно или не, се совпаѓа со нивните најавени протести поради неисплатените плати минатиот петок?

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 14:45

Вработените предупредуваат: Во “Сувенир” може пак да има експллозија во старите погони за пиротехника

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Само Господ ги чува сувенирци, коментира месното население во Самоков по пожарот што вчера попладнето околу 16:10 часот избувнал во фабриката за оружје „Сувенир“  и тоа на влезот на еден од старите и запечатени погони каде што се чувал пиротехнички материјал.

За среќа на работа немало ниту еден од работниците. Во кругот на фабриката било само обезбедувањето.

Вработени во „поранешен „Сувенир“, потсетуваат дека не е прв пат во фабриката за оружје да има пожар – последниот се случил пред пет години, исто така во попладневните часови, кога била предизвикана материјана штета.

Според полицискиот билтен пожарот во 2013 годдина се случил во 16:50 часот, а му претходеле две силни експлозии во магацин во кој не можело да се интервенира поради опасноста од дополнителни експлозиии.

Во Македонски Брод и во околината се уште се памети и страотен пожар со трагични последици во деведесетите години кога при експлозија во погон за производство на пиротехнички материјал загина работник.

Вработени во „Сувенир“ го повикуваат раководството поставено од чешката компанија „Сумбро“, која стопанисува со фабриката  да ги засили безбедносните и заштните мерки во погоните во кои, како што тврдат, има се уште остатоци од пиротехнички материјал.

Во МВР велат дека и денеска продолжува истрагата на местото на  експлозијата, а со детали ќе изезат наскоро.

„Сувенир“ на времето важеше за најголема фабрика за оружје во регионот. Во славното минато имаше околу петстотини работници. Нејзиното пропаѓање го заокружи Гркот Василиос Пападополус, кој во февруари 2006 година ја купи фабриката за 500.000 евра, иако претходно „Сувенир“ беше проценет за петпати повисока цена. 

Фабриката денес има ново раководство кое едвај успева да им исплати по 12.000 денари плата, која наместо до 15 – ти во месецот, како што предвидува законот, работниците тврдат дека ја добиваат на крајот.

До минатиот петок тие се уште беа во неизвесност кога и дали ќе земат августовска плата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.