Ние сме вечни пријатели, го покажавме тоа едни кон други во тешки времиња, не само кога е лесно, истакнал кинескиот премиер мислејќи на НАТО бомбардирањето од 1999 година

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 13:47

Вучиќ – Кечијанг: Србија и Кина вечни пријатели

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Започна посетата на Српскиот претседател Александар Вучиќ на Кина.

Кина очекува и во иднина да ја гледа Србија како независна, самостојна и силна, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со кинескиот премирер Ли Кечијанг во кинескиот град Тианџин.

Вучиќ изјави дека во разговорите со кинескиот премиер била изразена едногласност и взаемна поддршка за сите политички прашања.

Српскиот претседател истакна дека оваа посета на Народна Република Кина е голема чест за Србија.

Ние сме вечни пријатели, го покажавме тоа едни кон други во тешки услови и времиња, не само кога е лесно, изјави кинескиот премиер.

Изразувајќи голема благодарност кон Кина, Вучиќ потсети дека дури и во тешките моменти во 1999 година, Кина била со Србија, како и секогаш во модерната историја на земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.